(Видео) Автомобили во вода, заробен маж извлечен од возилото: обилните дождови предизвикаа нови поплави и хаос во Шпанија

Screenshot-2024-11-04-211953.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Само неколку дена откако катастрофалните поплави во Валенсија однесоа најмалку 217 животи, обилните дождови продолжуваат да предизвикуваат хаос во Шпанија со поплави во градовите Аликанте и Алтеа во југоисточната провинција Аликанте.


Локалните власти во Алтеа ги спроведоа првите спасувачки операции, вклучително и спасување на маж заробен во неговиот автомобил под подвозник, а локалното население и туристите беа предупредени на претпазливост и подготвеност, пренесува порталот „Јуроњуз Викли“.

Врнежите во Алтеа надминаа 28 литри на метар квадратен за само пет минути, поради што локалните власти преземаат екстремни мерки на претпазливост како забрана за пристап до области со висок ризик и апелираат до населението во Марина Баиша и Марина Алта да бидат максимално претпазливи.

Лошото време во овие делови на Шпанија е продолжение на метеоролошкиот феномен „ДАНА“, кој најчесто се јавува на почетокот на есента или на крајот на пролетта како изолирана бура на високи атмосферски нивоа формирана под влијание на студениот воздух во Медитеранот.

Претходно денеска, хаотично беше и во Барселона, каде што беше потопена главната зграда на аеродромот, а од таванот течеше вода додека патниците ги соблекуваа чевлите и боси одеа кон излезот.

Шпанија беше погодена од смртоносни поплави во кои загинаа најмалку 217 луѓе, а Валенсија беше најпогодена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK