(Видео) Автобус со патници падна во река во Франција


francija-ambulantno-vozilo-brza-pomosh-depositphotos_306103590_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Автобус со патници денеска паднал во река во Франција, а според француските медиуми, возачот и патниците се спасени.


Автобусот излетал во реката Сена во близина на местото Живизи-сур-Орж, пренесува „Паризјен“.

Според информациите, во возилото во моментот на несреќата се наоѓале четири лица, а возачот направил грешка при управувањето, по што автобусот завршил во реката и повлекол со себе и еден паркиран автомобил.

Засега нема информации за жртви, а возачот и патниците биле спасени благодарение на брзата реакција на минувачите кои први им притрчале на помош.

„Фигаро“ јавува дека речната бригада и пожарникарите сè уште се распоредени на местото на несреќата, додека два чамци патролираат по водата за да се осигура дека нема други лица кои треба да бидат спасени.

Француските медиуми првично објавија дека автобусот паднал од мост, но подоцна фотографиите покажале дека возилото влегло во реката од улица, при што целиот автобус завршил под вода.

Градоначалничката на Живизи, Ламија Бенсарса Реда, изјави дека е „запрепастена“ од несреќата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK