(Видео) Авион се запали на писта во Јужна Кореја, најмалку 120 мртви – објавена е снимка од несреќата

avion-juzna-koreja.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 120 лица загинаа кога патнички авион се запали откако излета од пистата на аеродромот во јужнокорејскиот град Муан, соопшти Националната противпожарна агенција.


Несреќата се случила во неделата во 9:03 часот по локално време кога летот на Jeju Air од Бангкок со 175 патници и шест членови на екипажот слетувал на меѓународниот аеродром Муан на југозападот на земјата.

Авионот се излизгал од пистата при слетување, удрил во жичена ограда и ѕид и се запалил, објави Ројтерс.

Противпожарната служба предупреди дека бројот на жртви може да биде поголем бидејќи авионот е тешко оштетен. На фотографиите од јужнокорејските медиуми се гледаат остатоците од авионот во пламен и чад.

Опремата за слетување на Боинг 737-800 откажа, најверојатно поради удар на птица, шпекулира новинската агенција Јонхап. Пилотот наводно не успеал да слета при првиот обид, па се обидел да го подигне авионот и да слета повторно.

Портпаролот на Jeju Air рече дека тие сè уште собираат информации за несреќата. Боинг не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар за несреќата, а потоа изрази сочувство за починатите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK