(Видео) Авион се урна во фабрика во Калифорнија и експлодираше, загинаа две лица

Screenshot-2025-01-03-073606.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две лица загинаа, а осумнаесет се повредени откако мал авион денеска се урна во фабрика за мебел во Калифорнија, јавува Скај Њуз. На снимката од надзорната камера се гледа како авионот се навалува на едната страна додека се приближува до зградата, пред да експлодира во облак од црн чад.


Авионот потоа се урнал низ покривот на зградата во која во тоа време биле 200 работници. Несреќата се случила само две минути откако авионот полетал од општинскиот аеродром Фулертон во округот Оринџ.

Портпаролот на полицијата изјави дека се уште не се знае дали двајцата загинати биле во авионот или во фабриката. На осум повредени лица на лице место им била укажана прва помош, а десет од нив морале да одат во болница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK