(Видео) Апокалиптични сцени од Италија: 20-годишен маж загина во поплавите

Screenshot-2024-10-20-145218.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

20-годишен маж загина во поплави во регионот Емилија Ромања во северна Италија, соопшти денеска противпожарната служба.


Во соопштението се наведува дека пожарникарите го пронашле телото на млад човек , кој исчезнал, откако неговиот автомобил бил однесен од река во регионот Пјаноро во близина на Болоња , пренесе АНСА.

– Болоња е под вода, а ситуацијата е полоша отколку во мај 2023 година – изјави привремената градоначалничка на Емилија Ромања Ирена Приоло, наведувајќи дека вкупно 13 општини се во „критична ситуација“, вклучувајќи ги сите Болоња, Реџо Емилија и Модена откако во тоа подрачје за само неколку часа наврнале 175 милиметри дожд на метар квадратен.

Целосно е евакуиран градот Багнокавало во близина на Равена, кој веќе е погоден од поплави, вклучувајќи ги и поплавите од минатиот месец.

Градоначалникот на Болоња, Матео Лепор, на социјалните мрежи апелираше до жителите да не ги напуштаат своите домови и да не користат автомобили во близина на Равона, која се излеа во саботата вечерта.

Лепор изјави дека во Болоња за четири часа паднале повеќе од 80 милиметри дожд на квадратен метар.

Цела Италија беше погодена од обилни дождови и силен ветер, особено Сицилија, која со месеци претходно беше зафатена од силна суша.

Големи поплави беа пријавени во Тоскана во саботата поради излевање на реката Цечина, предизвикани од пукање на насипи во северниот дел на регионот по обилните дождови што ја погодија областа.

Зголемувањето на нивото на водата следи по обилните врнежи од дожд кои во текот на ноќта го зафатија целиот округ Ливорно, објави весникот „Кориере дела сера“.

Како мерка на претпазливост евакуирани се десет лица . Поплавите ги зафатија и областите околу Пиза.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK