(Видео) Американец ги убил членовите на семејството затоа што мислел дека е исклучен од тестаментот на неговата мајка

delucija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Човек кој верувал дека е изоставен од тестаментот на мајка си и не сакал да се исели од куќата во која живееле, убил четири члена од своето семејство пред да си го одземе животот, соопшти американската полиција.


Џозеф Делуција Џуниор ги убил своите сестри и братот – Џоан Кернс, Френк Делуција и Тина Хамонд и нејзината ќерка Викторија Хамонд – за време на семејниот собир во домот на неговата мајка во Лонг Ајленд, која починала три дена претходно на 95-годишна возраст. Наместо да се разговара за планираната продажба на куќата во која Делуција Џуниор го живеел целиот свој живот, испукал 12 куршуми од сачмарка, при што ги уби сите присутни.

Потоа излегол во дворот викајќи за тоа што штотуку го направил, пред да го впери пиштолот кон себе, рече капетанот на полицијата, додавајќи дека Делуција верувал дека е исфрлен од тестаментот и дека ќе биде бездомник.

Неговите две сестри и брат биле на 60-годишна возраст, додека неговата внука имала 30 години, соопшти полицијата. Телата на четворица се пронајдени во куќата, додека Делуција Џуниор е пронајден надвор, пренесува Њуз12. Сите биле прогласени за мртви на местото на настанот.

Членовите на семејството се обиделе да го убедат Делуција Џуниор дека ќе биде згрижен по смртта на мајка му, но дека ќе мора да се исели од нејзиниот дом.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK