(Видео) Активисти залепија фотографија на мајка и дете од Газа на слика на Пикасо во Лондон

b0efa88a-ab94-4cd0-85dd-4b5427a37d94.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Активисти на групата Youth Demand во Националната галерија во Лондон, на познатата слика на Пабло Пикасо „Le Maternite“ залепиле фотографија од фоторепортерот на агенцијата Анадолија, Али Џадала, на која се прикажани мајка и нејзиното дете во Газа, пренесува Анадолија.



Во соопштението за медиумите на групата Youth Demand се наведува дека во Националната галерија се одржал протест на кој се барало воведување ембарго за продажба на оружје на Израел. Се додава дека за време на протестот нивните активисти залепиле фотографија од мајка и дете од Газа на сликата на Пикасо „Le Maternite“ од 1901 година, која се наоѓа зад заштитното стакло во галеријата.

Активистот Џаи Халаи изјави дека тоа го направиле затоа што „повеќе од една година сме сведоци на убиства на нашите колеги кои работат во здравствениот сектор“.

„Тие ги убиваат сп бомби, куршуми, глад“, рече Халаи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK