Венс: Вотергејт денес би траел 12 часа и не би го соборил претседателот


vensdepositphotos_828261832_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, верува дека скандалот Вотергејт, кој означи ера на американската политика, не би траел ниту 12 часа во денешно време и смета дека сигурно не би довело до пад на претседателот.


Венс ја даде изјавата вчера во Претседателската библиотека Ричард Никсон во Калифорнија, каде што ја промовираше својата нова книга „Причеста“, објавува The Guardian.

За време на дискусијата за неговото духовно патување од атеист до преобраќање во католицизам, Венс изрази восхит за 37-от претседател на САД.

„Ако Вотергејт се случеше утре, тоа би биле вести од 12 часа. Самата помисла дека тоа ќе го собори претседателството е луда“, рече Венс.

Вотергејт, најголемиот американски политички скандал на 20 век и единствениот што доведе до оставка на претседател, започна во 1972 година со провала во седиштето на Демократскиот национален комитет во Вашингтон. Провалата ја извршија оперативци поврзани со кампањата за реизбор на Никсон.

Венс направи паралела помеѓу Никсон и Доналд Трамп, тврдејќи дека двајцата биле мети на таканаречената длабока држава.

„Ако ја погледнете приказната за тоа како длабоката држава го собори Ричард Никсон, не е толку различна од она што истите групи луѓе, истите институции, се обидоа да му го направат на Доналд Трамп во неговиот прв мандат. Постои паралела“, рече Венс.

Трамп беше двапати импичментиран за време на неговиот прв мандат: еднаш за наводна злоупотреба на својата моќ за да изврши притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да го истражи тогашниот ривал Џо Бајден, заканувајќи се дека ќе ја прекине воената помош, и повторно за поттикнување толпа поддржувачи да го нападнат американскиот Капитол на 6 јануари по неуспешната кампања за поништување на неговиот изборен пораз.

И покрај долгогодишниот став дека Вотергејт е триумф на американскиот систем на одговорност на владата за злоупотребите на моќ на највисоко ниво, Трамп и неговите сојузници се обидуваат да го преобликуваат јавното разбирање за скандалот. Трамп, 45-тиот и 47-миот претседател на САД, претходно изјави дека Никсон „можеби“ бил виновен.

Никсон поднесе оставка во својот втор мандат за да избегне речиси сигурен импичмент и отстранување од функцијата.

Ванс вчера изјави дека наследството на Никсон со право „доживува еден вид ренесанса“, при што поголемо внимание се посветува на неговите дипломатски достигнувања, како што се завршувањето на Виетнамската војна и отворањето на односите со Кина. Тој тврдеше дека Никсон е „политички гениј“ со кого дели многу исти особини.

Венс е широко сметан за кандидат за Белата куќа во 2028 година.

фото/Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK