Венецуелската влада издаде „потерници“ против седум поранешни претседатели на Латинска Америка

1-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на Венецуела денеска низ целата земја ќе подели плакати, кои наликуваат на налози за апсење, против седум поранешни претседатели на земји од Латинска Америка кои најавија дека ќе го поддржат опозицискиот лидер Едмунд Гонзалес во неговата намера утре да положи претседателска заклетва.


Официјални лица им наредиле на вооружените сили и полицијата да дистрибуираат постери „на сите улици, пристаништа и аеродроми“ против поранешните претседатели Андрес Пастрана (Колумбија), Марија Абдо Бенитез (Парагвај), Висенте Фокс и Фелипе Калдерон (Мексико), Миреја Москосо и Ернесто Перез Баладарез (Панама), како и Хамил Махуад (Еквадор), пренесува шпански Паис.

Во вторникот тие, заедно со поранешните претседатели на Боливија и Костарика, Хорхе Кирога и Лаура Чинчила, беа прогласени за персона нон грата во Венецуела и им беше забранет влезот во земјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK