Венецуела тврди дека ЦИА подготвувала атентат на Мадуро, Стејт департментот негира

Maduro.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Венецуела објави дека уапсила шест странци, вклучително и припадник на елитните американски специјални сили, за наводен заговор за дестабилизација на земјата, која е во криза по спорните избори во јули оваа година.



Министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабело тврди дека наводниот заговор бил предводен од ЦИА и дека целта била да се убие претседателот Николас Мадуро. Американскиот Стејт департмент го отфрли тврдењето како лажно, јавува „Си-Ен-Ен“.

Обвинението доаѓа во време кога венецуелската опозиција, неколку национални лидери од Латинска Америка и Соединетите Држави одбиваат да ја признаат спорната изборна победа на Мадуро, која беше проследена со масовни протести во кои беа уапсени и убиени илјадници луѓе.

Министерот рече дека покрај Американците, уапсени се и двајца шпански државјани – Хозе Марија Басоа Валдовинос и Андрес Мартинез Адасме и чешкиот државјанин Јан Дармовзал. Венецуелските власти заплениле и 400 американски пушки поврзани со наводниот заговор.

„ЦИА ја водеше оваа операција. Тоа воопшто не не’ изненадува“, рече Кабело на прес-конференција, тврдејќи дека е вклучен и Националниот разузнавачки центар на Шпанија. Тој тврди дека операцијата имала многу јасни цели за атентат на претседателот Николас Мадуро и други венецуелски функционери, вклучително и него и потпретседателот.

Стејт департментот ги отфрли тие тврдења. Неговиот портпарол потврди дека еден припадник на американската војска бил уапсен во Венецуела и дека знаел за непотврдени извештаи за приведени уште двајца американски државјани.

„Сите тврдења за вмешаност на САД во заговор за соборување на Мадуро се категорично лажни“, додаде портпаролот.

„САД продолжуваат да го поддржуваат демократското решение за политичката криза во Венецуела“.

Извор од шпанското Министерство за надворешни работи изјави за Ројтерс дека се бараат повеќе информации од Венецуела:

„Шпанската амбасада испрати вербална нота до владата на Венецуела во која бара пристап до приведените граѓани за да се потврди нивниот идентитет и националност и да се знае точно за што се обвинети. .

Венецуела сè уште се бори со последиците од претседателските избори во јули, на кои Мадуро освои трет мандат и покрај глобалниот скептицизам за резултатот и негодувањето од опозициското движење во земјата.

Коалицијата што го поддржува опозицискиот лидер Едмундо Гонзалес инсистира дека гласањето е украдено, објавувајќи онлајн табели за кои експертите велат дека покажуваат дека Мадуро всушност го загубил претседателството со голема разлика.

САД го признаа Гонзалес како кандидат кој добил најмногу гласови на изборите, но формално не го признаа како новоизбран претседател на Венецуела. Минатата недела Гонзалес полета за Шпанија, бегајќи од Венецуела откако беше издадена потерница со која се товари за тероризам, заговор и други злосторства.

Во четвртокот, САД воведоа санкции за венецуелски официјални лица поврзани со Мадуро поради наводно мешање во изборите.

САД, исто така, објавија дека венецуелскиот авион што го користел Мадуро за меѓународни патувања бил запленет во Доминиканската Република; друг авион поврзан со Мадуро е под 24-часовен надзор од властите во Доминиканската Република.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK