Венбин: Лажни се обвинувањата дека Кина ја користи Куба како своја база за шпионирање

venbin
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кина соопшти дека се лажни наводите дека ја користела Куба како шпионска база, критикувајќи ја американската Влада и тамошните медиуми за објавување „неточни информации“.

Официјален претставник на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во саботата изјави дека Кина веќе некое време спроведува шпионажа од Куба и дека ги модернизирала разузнавачките капацитети на островот во 2019 година, пренесоа британските медиуми.


Минатата недела весникот „Волстрит журнал“ објави дека на островот е во тек нова шпионска активност, повикувајќи се на американски официјални претставници.

-Во врска со наводните шпионски активности на Кина во Куба, ова е типичен пример за лажни информации. Во текот на изминатите два дена, слушнавме американски официјални претставници и медиумите објавуваат голем број неточни информации во врска со наводната шпионажа. Овде, САД самите се контрадикторни, изјави портпаролот на кинеското Министерството за надворешни работи, Ванг Венбин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK