Вдовицата на Литвиненко: Смртта на Навални треба да го охрабри Западот да премине од зборови на дела

Вдовицата-на-Литвиненко-Смртта-на-Навални-треба-да-го-охрабри.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Смртта на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, треба да ги охрабри западните земји да преминат од зборови на дела кога е во прашање режимот на Владимир Путин, изјави во интервју за агенцијата „Франс прес“ вдовицата на поранешниот руски шпион Александар Литвиненко, кој беше отруен во 2006 година.


Смртта на Алексеј Навални, кој отслужуваше 19-годишна затворска казна во казнена колонија на рускиот Арктик, вчера го шокираше целиот свет.

„Тоа беше тажен ден и за Русија“, нагласи Марина Литвиненко во Лондон.

Нејзиниот сопруг Александар Литвиненко, агент на КГБ, а потоа и на ФСБ, беше во егзил во Обединетото Кралство кога почина на 43-годишна возраст на 23 ноември 2006 година, дваесет дена откако беше отруен со полониум 210, екстремно токсичен радиоактивен материјал.

„Многу добро разбирам како може да се чувствува Јулија (Навални) по она што му се случи на нејзиниот сопруг“, рече таа со лутина и емоции.

„Тоа беше многу тажен ден, не само за семејството на Алексеј Навални – неговата сопруга, син и ќерка – туку и за многу Руси кои сонуваат за подобра иднина на својата земја“, истакна таа.

Марина Литвиненко, која долго време се бореше да ги разјасни околностите на смртта на нејзиниот сопруг, ја повика вдовицата на Навални да се погрижи меѓународната заедница никогаш да не ја заборави смртта на нејзиниот сопруг.

„Не е доволно да се зборува за тоа вчера, денес, а можеби и уште неколку дена. Мораме да зборуваме за тоа онолку долго колку што е потребно додека Јулија не ја добие правдата“, нагласи таа.

 

„Важно е (за лидерите) да кажат колку жалат и сочувствуваат, но тоа не е доволно“ рече таа додавајќи дека за неа, овие „дела“ првенствено вклучуваат поддршка за Украина, која е во војна со Русија речиси две години по инвазијата што ја започна Москва.

„Единствениот начин да и се помогне на руската опозиција да го собори режимот на Путин е да се поддржи Украина“, рече таа, верувајќи дека само украинската победа може да ги „охрабри руските граѓани да бараат промени“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK