­

Ватикан: Папата Франциско се одмара по уште една мирна ноќ


677z381_papa-67c1703e0327b.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ватикан соопшти дека папата Франциско, кој две недели е хоспитализиран поради пневмонија, поминал уште една мирна ноќ и сега се одмара.


Папата беше примен во болница во Рим на 14 февруари поради бронхитис, потсетува Ројтерс. Во вчерашниот медицински извештај Ватикан наведе дека состојбата на папата продолжува да се подобрува, но дека прогнозата се уште е неизвесна поради сложената клиничка слика.

Папата во последните две години имаше неколку здравствени проблеми. Поради плеврит, односно воспаление на мембраната што ги опкружува белите дробови, што го развил како млад човек и операции на белите дробови, склони кон инфекции.

Ватикан изјави дека папата во саботата имал „продолжена респираторна криза слична на астма“, но дека немало повторени симптоми, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK