Вашингтон тврди дека Русите се подготвуваат за можни напади врз цивилни бродови во Црното Море

crno more
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

САД тврдат дека руските сили поставиле морски мини во Црното Море и се подготвуваат за можни напади врз цивилни бродови, јавија локалните медиуми.

– Нашите информации покажуваат дека Русија поставила дополнителни морски мини на приодите до украинските пристаништа. Веруваме дека ова е координиран напор да се оправдаат какви било напади врз цивилни бродови во Црното Море и да се обвини Украина за тие напади, изјави портпаролот на Белата куќа за Националниот совет за безбедност, Адам Хоџ.



Москва се повлече од договорот со кој се дозволува безбеден извоз на жито од украинските пристаништа во Црното Море, а потоа предупреди дека сите бродови што пловат кон Украина сега ќе се сметаат за потенцијални носители на воена опрема, односно воени цели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK