Вашингтон побара средба меѓу американскиот и кинескиот министер за одбрана, Кина не прифати

vashington
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кина го одби американското барање за состанок на министрите за одбрана на годишниот безбедносен форум во Сингапур овој викенд.

„Кина не информираше дека ја одби нашата покана за почетокот на мај секретарот Остин да се сретне со кинескиот министер за национална одбрана Ли Шангфу во Сингапур“, се наведува во соопштението на Пентагон за Волстрит журнал.


Пентагон рече дека верува во отворена комуникација „за да се осигура дека конкуренцијата нема да премине во конфликт“.

Минатата недела, портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби рече дека Министерството за одбрана разговарало за започнување разговори меѓу Лојд Остин и неговиот кинески колега, кој беше именуван за министер за одбрана во март.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK