САД го пофалија учеството на Кина на состанокот посветен на Украина, што се одржа во Саудиска Арабија, нарекувајќи го „продуктивно“ во обид да се прикаже Русија како изолирана.
-Ние веруваме дека присуството на Кина е продуктивно. Ние долго време верувавме дека Кина може да игра улога во завршувањето на војната во Украина ако се согласи да игра улога што го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
Околу 40 земји присуствуваа на разговорите за Украина во Џеда во саботата. Меѓу нив се и новите сили како Индија и Бразил, кои не застанаа на страната на Киев, но не ја поддржаа ниту руската инвазија.