Валас, министерот за одбрана на Британија поднесе оставка: неодамна го критикуваше Зеленски

valas.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бен Валас ја потврди својата оставка како министер за одбрана на Обединетото Кралство по четири години на функцијата, велејќи дека Министерството за одбрана „се враќа на пат повторно да биде светска класа“.


Овој потег најверојатно ќе доведе до мини реконструкција со министерот за економија Џон Глен и поранешниот министер за одбрана Лиам Фокс како фаворити за негово наследство.

Валас одигра клучна улога во одговорот на руската инвазија на Украина и беше близок сојузник на поранешниот премиер Борис Џонсон, но ја објави својата оставка за „Сандеј Тајмс“ во јули.

Медиумите потсетуваат дека Валас неодамна го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи му дека треба да им укаже благодарност на западните сојузници затоа што тие не се курирска служба на „Амазон“ за пакети со помош.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK