„Вагнер“ се закани со одмазда за смртта на Пригожин

prigozin_32534523
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Откако беше потврдено дека шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа во близина на Москва, на социјалните мрежи се појави снимка од наводни членови на руската платеничка група кои најавуваат одмазда.

Многумина зборуваат што ќе направи „Вагнер“ во оваа ситуација. Ќе кажеме само едно – тргнуваме. Чекајте не, истакна еден член на „Вагнер“.


Претходно беше објавено дека конвој возила на „Вагнер“ се движат од Белорусија кон Русија, но таквата информација не е официјално потврдена.

Руското Министерство за вонредни состојби вчера соопшти дека приватен авион „Ембраер Легаси“, кој летал од Москва за Санкт Петербург, се урнал во близина на селото Куженкино во Тверската област. Во авионот имало 10 лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот и сите загинале. Пригожин и командантот на „Вагнер“, Дмитриј Уткин биле на списокот на патници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK