„Вагнер“ објави дека неговите борци повеќе не се борат во Украина

Screenshot-2024-08-26-193433.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руската воена група „Вагнер“ денеска соопшти дека нејзините членови повеќе не се борат во Украина и сега се ангажирани само во Африка и Белорусија.


Во соопштението се наведува дека „Вагнер“ во оваа фаза не учествува во специјална воена операција, пренесе Ројтерс, наведувајќи дека не може да го потврди тоа тврдење. Групата посочува дека ќе соопшти дали има промена на ситуацијата.

Во неделата Украина ја повика Белорусија да ги повлече силите што ги распореди долж заедничката граница на двете земји, велејќи дека ги вклучува и белоруските специјални сили, како и поранешните членови на паравоената група Вагнер.

Групата претходно беше силно вклучена во војната во Украина и одигра клучна улога во руското заземање на украинскиот град Бахмут во мај 2023 година.

Во јуни 2023 година, основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, водеше краткотраен, неуспешен бунт против руското воено раководство и загина во авионска несреќа на 23 август 2023 година, северозападно од Москва.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK