Утврдена голема лага во истрагата за несреќата на подморницата Титан: „Сè е измислено“

0703foto-BETAPHOTO-OceanGate-Expeditions-via-AP-e1687936049639-1000x560.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВО ЈУНИ минатата година, во експлозијата на приватната подморница Титан, која се спушташе кон потонатиот брод Титаник, загинаа сите пет патници, кои, според извештаите, загинале во дел од секундата.


Наводен транскрипт од комуникацијата меѓу подморницата и матичниот брод кружеше на Интернет. Транскриптот сугерираше дека патниците биле свесни за претстојната имплозија. Но, шефот на тимот на американската сојузна влада што ја истражува катастрофата рече дека целиот транскрипт е фикција, пишува Њујорк Тајмс.

„Убеден сум дека се работи за лажен транскрипт. Сето тоа е измислено“, изјави капетанот Џејсон Д. Нојбаер, пензиониран член на американската крајбрежна стража, која започна истрага за имплозијата во јуни минатата година, и претседател на Одборот за истражување на Маринскиот корпус.

„Некој го направи тоа доволно убедливо“, тврди тој.

Транскриптот кој кружи на Интернет сугерираше дека патниците на подморницата биле свесни за бројните аларми што биле активирани во пловилото и дека навремено го информирале својот матичен брод. Во меѓувреме, како што се дознава, американските инспектори дошле и до записи за реалните комуникации меѓу подморницата и матичниот брод Polar Prince. Сепак, таа информација остана необјавен дел од истрагата.

Нојбаер рече дека неговиот тим „не нашол докази“ дека патниците на Титан биле свесни за претстојната имплозија или нивната судбина.

Нојбаер додаде дека истрагата за имплозијата на Титан е една од најкомплексните што ги направил во неговата децениска работа и дека конечниот извештај за несреќата би можел да биде завршен во следните две до три години поради „бројните компликации“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK