Уште еден авион од Тел Авив слета во Белград, Полска почна да ги евакуира своите граѓани од Израел

Уште-еден-авион-од-Тел-Авив-слета-во-Белград-Полска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уште еден авион на „Ер Србија“ од Тел Авив слета во Белград во 01:33 часот, објавено е на интернет страницата на аеродромот „Никола Тесла“.



Унгарија евакуираше 215 лица од Израел со два авиони во текот на ноќта и тие безбедно пристигнаа во Будимпешта, објави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на Фејсбук.

Од друга страна, единствената кинеска авиокомпанија која лета меѓу Кина и Израел, Хаинан ерлајнс, го откажа денешниот лет меѓу Тел Авив и Шангај, поради неповолната безбедносна ситуација во Израел.

Полска почна да ги евакуира своите граѓани од Израел, а првиот авион со околу 120 луѓе слета во Варшава рано утринава.

„Првите луѓе евакуирани од Израел се веќе во Полска. Би сакал да им се заблагодарам на нашите војници за ефикасното извршување на операцијата. Вие сте најдобри“, објави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак на Твитер. Во текот на денот се очекува да пристигнат уште два авиони.

Блашчак вчера изјави дека околу 200 полски туристи, меѓу кои и деца кои биле на училишна екскурзија, чекаат да го напуштат Израел. Најмалку двесте полски војници помагаат во операцијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK