Повеќе од 700 деца се убиени во Газа, а уште 2.450 се повредени од минатата сабота, соопшти УНИЦЕФ, повикувајќи се на локални извори.
„Според најновите извештаи на локалните здравствени власти и медиумите, најмалку 2.215 Палестинци наводно се убиени, вклучително и повеќе од 700 деца, а повеќе од 8.714 луѓе се ранети, вклучително и повеќе од 2.450 деца“, портпаролката на УНИЦЕФ, Сара Ал Хатаб. изјави денеска за Си-ен-ен.
„Убивањето на децата мора да престане“, рече портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер. „Сликите и приказните се јасни: деца со страшни изгореници, рани од минофрлачи и изгубени екстремитети. А болниците се преполни“.
Елдер исто така им се придружи на повиците од меѓународната заедница, велејќи: „Израелските деца држени како заложници во Газа мора безбедно и веднаш да се обединат со нивните семејства и најблиски“.