Речиси 20 мигранти исчезнале кога нивниот брод се превртел во Средоземното Море, соопштија од Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) и италијанските власти.
Седум Сиријци се спасени и пренесени на италијанскиот остров Лампедуза, соопштија италијанските спасувачи.
Крајбрежната стража соопшти дека локалните власти го забележале бродот во неволја на околу 10 милји југоисточно од Лампедуза и дека патролен брод ги спасил преживеаните.
Претставничката на УНХЦР во Италија, Кјара Кардолети, на социјалната мрежа Х изјави дека седумтемина преживеани „се во критична состојба и многумина ги загубија своите роднини“.
Преживеаните изјавиле дека ја напуштиле Либија на 1 септември, се вели во соопштението на крајбрежната стража.
„Преживеаните рекоа дека во brodoto имало 28 лица, вклучително и тројца малолетници“, се додава.
Поморските единици на крајбрежната стража трагаат по исчезнатите.