Унгарски министер за европски прашања: Се очекува отворање на патот за продолжување на пристапниот процес на Србија

6-15.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока денеска, по пристигнувањето на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ, изјави дека се очекува одобрување на заклучоците за проширувањето, што ќе го отвори патот за продолжување на процесот на пристапување на Србија во ЕУ.


„Се очекува Советот за општи работи да ги одобри годишните заклучоци за проширувањето, што ќе го отвори патот за продолжување на пристапниот процес на Србија, кој е замрзнат веќе три години“, изјави Бока за новинарите.

Тој посочи дека проширувањето ќе биде една од клучните теми на денешниот состанок на Советот за општи работи на ЕУ, како и дека ќе се разговара за подготовката на состанокот на Европскиот совет на 19 декември.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK