­

Унгарија има план доколку гасоводот „Турски тек“ стане нефункционален

turski-tek.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарската влада има подготвено план за вонредни ситуации доколку гасоводот „Турски тек“ стане нефункционален, изјави  шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Гергели Гуљас.


Тој нагласи дека испораката на гас за Унгарија ќе биде обезбедена, но додаде дека најверојатно тоа ќе чини многу повеќе, пренесе „ТАСС“.

Гуљас потврди дека има акциски планови за кризни ситуации откако неодамна беше загрозен Турскиот тек.

Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан не навлегува во детали за планот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK