Украинските сили го ослободиле селото Пјатихатки, прв успех на фронтот Запорожје

ukraina 1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Официјален претставник назначен од руските окупаторски власти денеска призна дека Украина повторно зазела село во јужниот регион Запорожје, што е нејзин прв успех на тој фронт откако ја почна својата контраофанзива претходно овој месец.

Владимир Рогов изјави дека украинските сили ја зазеле населбата Пјатихатки и таму се вкопуваат додека се под оган од руска артилерија.


– Непријателските офанзивни „бранови“ дадоа резултати, и покрај огромните загуби, напиша Рогов на Телеграм и додаде дека во областа продолжуваат тешки борби.

Засега нема коментар од Украина, а светските медиуми нагласуваат дека информацијата за ситуацијата на бојното поле не може независно да биде потврдена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK