Украинскиот заменик министер за енергетика приведен поради примање поткуп од 500.000 долари

2-12.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик министерот за енергетика на Украина е приведен поради примање поткуп од половина милион долари, објави денеска Укринформ.


Украинската служба за безбедност објави дека во замена за таа сума, заменик-министерот им ветил на менаџерите на државните претпријатија кои работат во басенот на јаглен Лавов-Волин дека можат да користат рударска опрема од рудниците од фронтот во регионот на Доњецк.

Станува збор за уникатната и оскудна опрема на една од државните компании за јаглен, која се наоѓа во правец Покровски, кој се смета за најинтензивен на фронтот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK