Украинскиот врховен командант: Бев во близина на Покровск, борбите се исклучително тешки

sirski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, рече дека поминал неколку дена на источниот фронт кај Покровск и ги опиша борбите како „исклучително тешки“.



Во последните месеци, со големи напори, Русија полека, но постојано навлегува во стратешки важниот град Покровск во источниот украински регион Доњецк.

„Борбата е исклучително тешка. Непријателот прави се за да продолжи да се движи и да напредува, обидувајќи се да ја пробие нашата одбрана“, напиша Сирски на Фејсбук.

Најжестоките борби, додаде тој, се водат во областа Красни Јар, на околу 10 километри од Покровск. Тој, исто така, рече дека источните предградија на Хродивка, на помалку од девет километри од стратешката рута што ја поврзува Костјантинивка, се под силни напади.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата во Покровск е „исклучително тешка“, дека Киев дополнително ќе ги зајакне своите позиции и дека се размислува за „конкретни одбранбени акции“. Покровск се наоѓа на клучна сообраќајница што ја користи украинската армија за снабдување на други загрозени пунктови што ги држат Украинците, како што се градовите Часив Јар и Костијантинивка.

Покровск е патен и железнички центар и град со предвоено население од 60.000 луѓе, од кои десетици илјади остануваат иако се во тек големи евакуации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK