Украинскиот парламент, Врховната рада, гласаше за продолжување на воената состојба и општата мобилизација за дополнителни 90 дена.
Пратеникот Јарослав Железњак објави на Телеграм дека 315 пратеници го поддржале продолжувањето на воената состојба, која ќе трае од 4 мај до 2 август.
Ова е 19-ти пат како се донесуваат вакви мерки
Тој додаде дека 304 пратеници гласале за продолжување на општата мобилизација за истиот период.
Железњак рече дека ова е 19-ти пат парламентот да одобри вакви мерки од почетокот на војната во 2022 година.
Законите беа поднесени вчера од украинскиот претседател Володимир Зеленски.