Украинскиот генералштаб: „Руските трупи нападнаа во неколку правци без успех, ги одбивме кај Бахмут“

Видео-Украинците-го-преминаа-Днепар-Русите-Ги-чека-пекол.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руските сили во Украина извршиле напади во повеќе правци, а во изминатите 24 часа имало 64 судири, соопшти утрово Генералштабот на вооружените сили на Украина.


Украинските сили одбија единаесет руски напади во правец на Бахмут и продолжија со офанзивните операции јужно од тој град, пренесува „УНИАН“.

Руските војници, со поддршка на авијацијата, не се откажуваат од обидите да ја опколат Авдивка, но украинските војници ја држат линијата на одбраната, се наведува во соопштението.

Се додава дека украинските сили ги одбиле руските напади во правец на Купјанск, Маринка, Шахтјорск и Запорожје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK