Украински власти: 20 лица ранети во воздушен напад врз градот Дњепар

ukraina
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во воздушен напад врз Дњепар во центарот на Украина синоќа се ранети 20 лица, од кои три потешко се деца, соопштија украинските власти. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за „напад на град“ лоциран во центарот на земјата.

„Во нападот се погодени две згради во станбен кварт на градот… За жал, има луѓе под урнатините“, напиша Зеленски на Фејсбук.


Гувернерот на реонот на Дњепар Сергиј Лисак изјави дека во нападот се ранети пет деца, а според проценката на лекари состојбата на три од нив е многу тешка.

„Вкупниот број на ранети достигна 20, а меѓу нив 17 се префрлени во болница“, изјави гувернерот и изјави дека спасувачите продолжуваат да трагаат по жртви под урнатините.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK