Украинскиот ТВ водител, Алексеј Печи, одлучи да не се враќа во Украина по неговото патување во Брисел, каде што известуваше од самитот на Европската унија.
„Печи беше акредитиран да го следи самитот на ЕУ што се одржа на 14 и 15 декември. Украинскиот новинар и поранешен водител на ‘Канал 24’ не се врати во Украина по завршувањето на настанот“, се вели во соопштението на ТВ каналот.
Генералниот директор на украинскиот ТВ канал Роман Андрејко изјави дека е шокиран од тоа што го направил Печи.
Сепак, како што пишува весникот „Страна“, самиот новинар го опишал неговиот потег како тежок и објаснил дека на Запад се менуваат ставовите кон Украина, поради што ја донел одлуката да остане во Европската унија за да придонесе за промоција на украинската агенда во медиумите.