Украински функционер: Ставот на Трамп за Крим е неочекуван


Tramp-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од почетокот на војната, украинските власти ниту еден ден не навестија дека можеби ќе се согласат да го признаат Крим како руски, рече советникот на министерот за стратешки индустрии на Украина.


Во интервју за „Скај њуз“, Јуриј Сак изјави дека ставот на Доналд Трамп на социјалната мрежа „Тру соушал“, во кој тој го критикува Володимир Зеленски, бил неочекуван, но и дека бесмислено е воопшто да се разговара на овие теми додека Русија барем не се согласи на примирје.

На прашањето за можноста САД да се откажат од обидот за посредување во мирот, Сак рече дека тоа би било стратешки погрешно, но нагласи и дека Украина е подготвена за сите сценарија.

„Мораме да бидеме подготвени за секоја ситуација и мислам дека заедно со нашите европски партнери, на кои сме многу благодарни, без разлика на се, ќе успееме да дојдеме до посакуваната цел – мир“, рече Сак.

На прашањето дали верува дека наскоро е можен мировен договор, Сак рече дека нема воено решение за оваа војна.

„Мораме да бидеме трпеливи, мораме да ги почитуваме нашите партнери и да се слушаме“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK