Украинците со дрон погодија траект кај Крим, има мртви и ранети

1693215543_krim.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Едно лице загина, а неколку се ранети во напад на украинско беспилотно летало на траект во пристаниште во јужна Русија, изјави регионалниот гувернер.


Траектот се запалил во пристаништето Кавказ, но нема опасност од ширење на пожарот, пишува „Би-би-си“.

Пристаништето се наоѓа на неколку километри од мостот Керч кој ги поврзува Русија и Кримскиот Полуостров, кои Русија го анектираше во 2014 година.

Меѓу екипажот и персоналот на пристаништето има повредени и загинати, рече Кондратиев.

Тој додаде дека итните служби се на терен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK