Украина засега нема да ги тужи земјите кои го ограничија увозот на нејзиното жито

Украина-засега-нема-да-ги-тужи-земјите-кои-го-ограничија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украина објави дека ја „паузирала“ тужбата во Светската трговска организација против неколку граничи земји-членки на ЕУ, вклучително и Полска, кои воведоа ограничувања за увозот на жито од Украина.


„Додека бараме практично решение, нашите спорови во СТО засега се прекинати“, изјави украинскиот заменик министер за економија Тарас Качка, пренесува Интерфакс-Украина.

Тој оцени дека споровите околу извозот на украинското жито ќе бидат „решени во наредните недели и месеци“. Полска оцени дека прекинот на тужбата е „неопходен“. „Со нетрпение очекуваме други конструктивни украински чекори за развивање правилен однос во земјоделските прашања“, изјави портпаролот на полската влада Пјотр Милер за агенцијата ПАП во четвртокот.

Во септември, Полска, Словачка и Унгарија го продолжија ембаргото за увоз на украинско жито и покрај тоа што Брисел ги укина ограничувањата. Тие нагласуваат дека сакаат да ги заштитат своите земјоделци од вишокот на украинско жито што ќе ги намали цените на нивните пазари.

Украина беше во можност да извезува жито преку Црното Море една година благодарение на договорот со Москва што беше посредуван од Турција и ОН. Русија се повлече од договорот во јули поради западните санкции кои го ограничуваат нејзиниот извоз. Оттогаш Киев се обидува да воспостави нов коридор преку Црното Море и покрај руските закани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK