Украина го почитува меѓународното хуманитарно право и не гаѓа цивили за време на актуелната воена операција во областа Курск на западот на Русија, изјави денеска портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Георгиј Тихи.
Претходно денеска Русија објави дека најмалку 56 цивили загинале, а 266 се повредени за време на украинските воени операции, пренесува Ројтерс.
„Со оглед на долгата историја на Русија на објавување лажни бројки и ширење пропаганда, едноставно нема начин да се потврдат нивните тврдења. Доколку Русија сака да ја прикаже вистинската ситуација на терен, може да обезбеди пристап до Обединетите нации (ОН) и Меѓународниот комитет на Црвениот крст“, рече Тихи.