Украина потврди: Ние сме одговорни за нападот со дрон на рускиот аеродром

ukrainska-vojska-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претставник на украинската влада потврди дека Украина стои зад вчерашниот напад со дрон на рускиот аеродром во Псков. Се вели дека се оштетени или уништени неколку транспортни авиони, објави Би-би-си.


Официјалниот претставник ги потврди локалните извештаи дека зад нападот стои украинската воена разузнавачка служба.

Како резултат на нападот со беспилотно летало беа оштетени четири авиони Ил-76. Избувнал пожар и се запалиле два авиони, јави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на итните служби.

Руските медиуми објавија снимка на која се гледа густ црн чад над аеродромот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK