Украина официјално потврди дека сопругата на Кирил Буданов била отруена

Украина-официјално-потврди-дека-сопругата-на-Кирил-Буданов-била-отруена.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сопругата на шефот на украинската воена разузнавачка служба е отруена со тешки метали и се лекува во болница, потврди портпаролот на украинската разузнавачка агенција (ГУР).


„Да, можам да ја потврдам информацијата, за жал, таа е вистинита“, изјави портпаролот на ГУР, Андриј Јусов, без да појасни кога се случило труењето.

Украинскиот сервис на Би-би-си го цитираше Јусов, кој додаде дека неколку функционери на ГУР исто така имале поблаги симптоми на труење.

Маријана Буданова е сопруга на Кирил Буданова, кој ја предводи украинската воена разузнавачка агенција ГУР, служба која е силно вклучена во тајни операции против руските сили од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Буданов стана многу истакната личност и во Украина и на Запад, каде што е претставен како задкулисен организатор на операциите за возвраќање на Русија. Тој е предмет на омраза во руските медиуми.

Доколку се потврди дека било намерно, труењето на неговата сопруга би бил најсериозен удар за член на семејството на висок украински лидер за време на 21-месечната војна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK