Следната година на Украина ќе и треба помош од 42 милијарди долари од меѓународните партнери за покривање на воениот дефицит, исто како и оваа година, изјави денеска премиерот Денис Шмихал.
Тој нагласи дека целиот буџет на Украина сега е посветен на одбраната од руска инвазија, што значи дека на земјата и е потребна меѓународна помош за да ги покрие другите трошоци.
„Се надеваме дека војната ќе заврши што е можно поскоро. Ние не сме нејзини иницијатори, а Русија може да ја запре во секое време“, рече тој.
На среден рок, меѓународната поддршка за украинската економија ќе му помогне на Киев да преземе поголем дел од вкупните трошоци, додаде тој.