Украина негира вмешаност во нападот со дронови врз Москва

moskva
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украина негираше вмешаност во нападот со дронови врз главниот град на Русија Москва, пренесе ДПА.

– Се разбира, ние не сме директно вклучени, изјави Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател во радио емисијата на рускиот новинар Александар Пљушчев, кој е критички настроен кон Кремљ.


Тој со потсмев рекол дека „руските дронови можеби им се вратиле на своите испраќачи“.

– Знаете дека се приближуваме до ерата на вештачката интелигенција. Можеби сите дронови не се подготвени да ја нападнат Украина и сакаат да се вратат кај своите креатори и затоа прашуваат: „Зошто нè праќате против децата на Украина? На Киев?“ и така натаму, рече Подољак.

Во исто време, советникот на украинската влада предвиде дека бројот на напади на руска територија веројатно ќе продолжи да се зголемува. „Сите луѓе кои веруваат … дека можат да уништат друга суверена држава со апсолутна неказнивост, сè уште не сфатија по 15 месеци дека не можат да ја повторат 2014 година“, рече тој, мислејќи на годината кога Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK