Украина ја обвинува Русија за убиство на невооружени војници, Армијата објави снимка

Украина-ја-обвинува-Русија-за-убиство-на-невооружени-војници-Армијата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинските власти денеска објавија дека отвориле истрага за наводното пукање од страна на руските сили врз шест невооружени украински војници во Авдиивка и двајца во селото Веселе во истиот регион, откако Русија ја презеде целосната контрола врз градот.


„Покрената е истрага за пукањето на невооружените украински воени затвореници во Авдиивка и селото Веселе“, објави обвинителството во областа Доњецк на својот канал „Телеграм“.

Обвинителите се повикаа на информациите објавени на Телеграм за „егзекуција на шест затвореници“ на постот во Авдиивка.

Украинскиот јавен сервис Суспилне го цитираше портпаролот на украинската војска Дмитриј Лихови, кој рече дека не е можно да се потврдат или негираат убиствата во Авдиивка бидејќи истрагата е во тек. Тој додаде дека тоа нема да биде првпат Русија да изврши воено злосторство.

„Не сакајќи да ги остави затворениците живи, окупаторот ги убива со автоматско оружје“, додаде обвинителството, без да прецизира кога се случил инцидентот.

Официјалниот канал на Телеграм на украинските копнени сили сподели видео, наводно снимено од дрон, на кое се гледаат мажи во униформи во тесен ров и егзекуција на шест невооружени украински војници.

Руското Министерство за одбрана не одговори на е-маилот од Ројтерс во попладневните часови, во која се бара коментар за последното во серијата обвинувања на украинските обвинители дека Русија убива воени заробеници. Русија претходно ги отфрли ваквите тврдења.

Ројтерс, украинските обвинители и војската не можеа веднаш да го потврдат видеото или други детали за последното објавување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK