Украина извести за тешки борби и враќање на територии во близина на Бахмут

ukraina_23424423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Украинската армија денеска соопшти дека зајакнала во источниот регион Доњецк, јужно од градот Бахмут, окупиран од Русија, пренесе ДПА.

– Постепено одиме напред, напиша заменик-министерот за одбрана Хана Малиар на Телеграм.


Интензивни судири имало во селата Клишчиивка, Курдумивка и Андриивка.

Генералштабот на украинската армија информира за одбиени руски напади јужно од Клишчиивка и руски бомбардирања кај Курдумивка.

Заменик министерот за одбрана рече дека украинските сили исто така одбиваат руски контранапади северно од Бахмут.

Имало и неуспешни руски напади во секторите Купјанск на границата со Харковската област и Лиман на границата со Луганската област.

Командата на украинската армија не соопшти никакви детали за борбите во јужниот регион Запорожје и во јужниот дел на областа Доњецк.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK