Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја испратила 500 тони пченично брашно во Сирија како хуманитарна помош.
Зеленски изјави дека станува збор за хуманитарна иницијатива „Жито од Украина“, која Киев ја започна во соработка со Светската програма за храна на Обединетите нации.
Планирано е брашното да биде поделено на 33.250 семејства, односно меѓу 167.000 луѓе, во текот на неколку недели.
Секој пакет е тежок 15 килограми и може да прехрани петчлено семејство еден месец, рече Зеленски.
По соборувањето на сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој беше близок руски сојузник, Зеленски рече дека Украина сака да ги обнови односите со Дамаск, според Ројтерс.