Украинската државна компанија Укроборонсервис и чешкиот производител на муниција Селиер и Белот планираат да изградат фабрика за муниција во Украина, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал по заедничките средби на двете влади во Прага.
Чешка е важен сојузник на официјален Киев во борбата против Русија и ја предводеше иницијативата со која на Украина и беа доставени стотици илјади муниција од целиот свет, пренесува Ројтерс.
„Помеѓу другите договори во областа на одбраната, договорена е и изградба на нова фабрика за муниција во Украина. Договорот е потпишан меѓу компаниите Селиер и Белот и Укроборонсервис, рече Шмихал, без дополнителни детали.