Властите во Киев соопштија дека првите севернокорејски војници во областа Курск биле погодени од украински оган.
Првите севернокорејски војници кои беа распоредени во пограничниот регион Курск за да и помогнат на руската армија влегоа во борба со украинските вооружени сили, објави шефот на одделот за борба против дезинформации на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андреј Коваленко на Телеграм, пренесува Unian.
„Првите членови на севернокорејската армија веќе се на удар во областа Курск“, рече Коваленко, испуштајќи ги деталите за нападот.