Украина доби 1,1 милијарда долари од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), пари што ќе бидат насочени кон клучните буџетски трошоци, објави украинскиот премиер Денис Шмихал.
Ова е шеста исплата на пари за Украина во рамките на програмата за продолжени кредити на ММФ, со што вкупната помош од ММФ за Украина достигна 9,8 милијарди долари.
Надворешното финансирање, како што се 15,6 милијарди долари што ММФ ѝ ги додели на Украина во период од четири години, е од клучно значење за Киев бидејќи буџетот на земјата е под зголемен притисок поради војната со Русија, пишува „Киев индипендент“.