Најмалку 55 лица загинаа, а повеќе од 300 се ранети во силен руски напад врз воен институт во Полтава во централна Украина, според последните информации на украинските власти.
„Бројот на загинати во руски ракетниот напад врз образовна институција во самиот град се искачи на 55“, објави Државната служба за вонредни состојби на Телеграм, известувајќи за 328 ранети.
„Веројатно има повеќе луѓе под урнатините“, се вели во објавата, додавајќи дека „досега спасувачите расчистиле и однеле повеќе од 2.000 тони отпад“.
„Нападот беше извршен со две балистички проектили. При нападот делумно беше уништен воен центар за обука специјализиран за комуникации, а оштетена е и блиската болница“, рече претседателот Володимир Зеленски.
Нападот беше широко осуден од меѓународната заедница, особено од Вашингтон, кој го осуди „новиот страшен потсетник за бруталноста на Владимир Путин“.