Дваесет и едногодишната инфлуенсерка Сања Силва е убиена во Бразил откако вооружени лица и наредиле да го запре моторот.
Како што пишува „Дејли мејл“, таа била нападната откако во неделата со пријатели излегла од клуб во градот Терезина.
Инфлуенсерката го возела својот мотор со уште двајца пријатели кога двајца мажи на мопед ја замолиле да застане, соопшти полицијата. Како што понатаму се наведува, таа одбила и побегнала со другарките.
Вооружените напаѓачи испукале шест куршуми кон Силва, а на местото на настанот била констатирана смрт.