Израелската гранична полиција соопшти дека убила висок командант на Хамас на Западниот Брег.
Војската вели дека Васем Хазем бил убиен во автомобил, во кој како наведуваат, имало оружје, муниција и големи количини пари.
Двајца други вооружени напаѓачи на Хамас се убиени од дрон додека се обидувале да побегнат од возилото, се вели во соопштението.
Израелската војска ги идентификуваше двајцата вооружени напаѓачи кои беа убиени во нападот со беспилотно летало како Маисар Машарк и Арафат Амер и ги обвини дека биле вклучени во напади, вклучително и врз израелските заедници во близина на безбедносната бариера на Западниот Брег.
Израелската армија соопшти дека во автомобилот пронашла пушки, пиштол и друго оружје и дека во инцидентот нема повредени војници.