Студентот на Филозофскиот факултет во Прага, кој на 21 декември со пушка уби 14 студенти и предавачи, а потоа се уби и себеси, а рани 25 други лица, во своето проштално писмо признал дека убил млад татко и неговото двомесечно бебе недела порано кога се шетале во шумата на периферијата на Прага.
„Во текот на истрагата, во селото Хостоуњ е пронајдено проштално писмо во кое убиецот го признава убиството во шумата во областа Клановице. Засега не можеме да кажеме што точно стои во писмото, бидејќи истрагата е во тек, проверуваме низа настани и испрашуваме луѓе“, изјави портпаролот на полицијата Јан Дањек за весникот „Новинка“.
Дејвид К., 24-годишен студент по историја на Филозофскиот факултет на универзитетот во Прага, е виновен и за необјаснето убиство на 32-годишен Чех и неговото бебе во Клановице на периферијата на Прага.
Сè уште се шпекулира кој бил мотивот на еден добар студент по историја, незабележителен тивок тип, да убие 13 студенти и предавачи на лице место со пушка АР-15, чија автоматска верзија припаѓа на автомати, модифицирана да биде користена во стрелаштво и лов, додека 14-татажртва починала подоцна во болница, пишуваат тамошните медиуми.
Според анализите, додека експертите се согласуваат дека интервенцијата на полицијата во зградата на факултетот и самата евакуација била многу професионална, останува прашањето зошто полицијата не ја евакуирала главната зграда каде што прво дошла и не го нашла, туку ги префрлила сите сили во секундарната зграда во истиот туристички кварт на стара Прага каде што требаше да одржи предавање на кое не дојде, а само таа зграда во близина на Стариот градски плоштад и Божиќниот саем беше евакуирана.
Полицијата има полни раце работа со потрага по лица кои се закануваат дека ќе го повторат делото на убиецот од Филозофскиот факултет или кои го поддржуваат и фалат и шират паника или лажни вести, а медиумите апелираат да не се објавува целото име на убиецот токму затоа што луѓето почнуваат да ги бараат неговите профили на мрежите и споделуваат каква било содржина од него.
„До денес истражуваме повеќе од 60 вакви случаи, а во 30 го знаеме точниот идентитет на лицето“, објави полицијата на мрежата Икс и предупреди дека авторите на ваквите коментари и закани прават кривично дело.